АКТЕРКАТА ОЛИВИЈА МУН ГО ДОБИ ВТОРОТО ДЕТЕ ОТКАКО СЕ ЛЕКУВАШЕ ОД РАК

Лос Анџелес, (АП)

Актерката Оливија Мун и комичарот Џон Малејни го добија второто дете, ќерката Меј Џун. Мун, која годинава објави дека се лекувала од рак, кажа дека девојчето е родено од сурогат мајка.

„Имав толку многу силни емоции што не можам да носам бебе. Кога првпат ја запознав жената која ќе биде сурогат, разговаравме како мајка со мајка. Зборовите не можат да ја изразат мојата благодарност што го чуваше нашето бебе девет месеци и ги оствари нашите соништа“, напиша 44-годишната Мун на Инстаграм.

Мун и Малејни, кои се венчаа во јули, се веќе родители на двегодишен син.

Мун во почетокот на оваа година откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка и дека ѝ била извршена двојна мастектомија.