Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разделиле по девет години брак, објавија германските медиуми. Повикувајќи се на свои извори, магазинот „Бунте“ и весникот „Билд“ објавија дека разделбата се случила уште пред два месеца.
Додека поранешниот германски фудбалски репрезентативец поминувал најголем дел од времето во Минхен поради работните обврски, Ивановиќ била во Белград со нивните синови Лука (седум години), Леон (4) и Тео (1).
Ивановиќ (37) и Швајнштајгер (40) ја почнаа врската во 2014, а се венчаа во Венеција во јули 2016 и во меѓувреме живееја на релацијата Германија-САД-Србија. Набргу по свадбата, шампионката од Ролан Гарос ја заврши тениската кариера.