АНГЛИЧАНКА СО ДАУНОВ СИНДРОМ СЕ НАЈДЕ НА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА НА „ВОГ“, А ЛЕКАРИТЕ ПРОГНОЗИРАЛЕ ДЕКА НЕМА ДА ОДИ И ЗБОРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Кога Ели Голдстајн се роди во декември 2001, лекарите кажале дека таа никогаш нема да може да оди и збори. Таа не само што им докажа дека биле грешка, туку испиша историја, станувајќи првиот модел со Даунов синдром кој се појавил на насловната страница на „Вог“.

Сега 22-годишна, Голдстајн неодамна купи своја сопствена куќа во Есекс и издаде книга за нејзиниот живот насловена „Against All Odds“.

Кога Ели се роди бевме шокирани кога сфативме дека има Даунов синдром. Се мачев да ги прифатам дијагнозата и сите лоши прогнози и да се врзам со неа. Кога имаше само пет месеци, Ели беше подложена на десетчасовна операција на срцето и помина десет дена на интензивна нега. По три недели, конечно можевме да ја однесеме дома и тогаш нејзиниот карактер почна да блеска“, раскажа мајката на Ели, Ивон.

Наспроти прогнозите, Ели проодела до 18 месеци, зборела до третиот роденден и научила да чита пред да тргне на школо.

Еден ден, една пријателка ми посочи агенција за таленти која сака да работи со лица со попреченост и ја пријавив Ели. Набргу потоа, Ели во 2018 се појави во една божиќна реклама и така ѝ тргна кариерата. Ели не престанува да ме изненадува. Многу сака камери и внимание и гледам дека ужива во тоа што го прави“, вели Ивон Голдстајн.

Ели вели дека отсекогаш сакала да биде манекенка, но била свесна дека луѓе како неа не се појавуваат на насловни страници на списанија. Таа годинава настапи на три ревии на Лондонската модна недела и вели дека не знаела дека ќе биде на насловната страница на „Вог“ кога ја снимаа.

Еден ден сакам да работам во Њујорк. Никогаш не се откажувајте од вашите сништа и надежи, бидете тоа што сте“, порача Ели.