На 6 ноември во 19 часот, во галеријата „Остен“ во Скопје ќе се отвори изложбата „Автопортрети и неколку палети“ на уметникот Мирослав Масин.
Масин дипломирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и во периодот од 2000 до 2001 бил негов претседател. Бил на студиски престој во Велика Британија, Франција и Чешка. Покрај самостојни изложби, учествувал во инсталации, перформанси и видеоспотови.
Започнувајќи со самостојни изложби во 1988, Масин досега ги имал повеќе од 50 во земјава и странство, меѓу кои во Џенова, Париз, Стразбур, Берлин, Лондон, Белград, Сараево, Подгорица и Љубљана.