Билетите за Евровизија во Виена се распродадоа во рекордно време, при што речиси сите 90.000 билети биле купени за само неколку минути, соопштија организаторите. Полуфиналните вечери се на 12 и 14 мај, а финалето ќе се одржи на 16 мај.
Билетите за финалето биле распродадени за само 14 минути, додека билетите за сите други настани исчезнале во рок од еден час, соопшти Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Вкупно се одржуваат девет настани во текот на неделата, вклучувајќи две генерални проби пред секое директно телевизиско пренесување.
На 70. издание на Евровизија ќе учествуваат само 35 држави откако неколку држави го откажаа настапот поради учеството на Израел.
(Фото: ДПА)