Поп-пејачот Даниел Кајмакоски по долго време повторно ќе настапи во Скопје, како гостин на српскиот стендап комичар Неша Бриџис, кој ќе гостува во Филхармонијата на 1 април од 20 часот.
Шоуто е прослава на 15 години од неговата прва стендап претстава и е со наслов „15 години без застанување“, објави продукцијата „Вајб“. Освен Кајмакоски, гостува и стендап комичарот Срѓан Сљепчевиќ.

По победата на музичкото талент шоу „Твоето лице звучи познато“ во 2016, со кое се прослави, Кајмакоски живее во Србија. Во Белрад настапува во кабаре клуб.
Влезниците за шоуто на Бриџис се продаваат преку мрежата на TicketX.