ДЕШАМП НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ, ФРАНЦИЈА ЌЕ ДОБИЕ НОВ СЕЛЕКТОР ПО СП 2026

Париз, (Би-Би-Си)

Дидје Дешамп објави дека ќе ја напушти клупата на француската фудбалска репрезентација по Светското првенство во 2026 година. Тој е најдолговечниот француски селектор, откако ја презеде функцијата во 2012.

Дешамп ја предводеше Франција до светската титула во 2018 во Русија, како и до финалето на СП 2022 и ЕП 2016.

„Во 2026 ќе биде крај, тоа веќе го расчистив во мојата глава. Го одработив моето. Човек мора да знае кога да запре, постои живот и после тоа“, изјави Дешамп.

Дидје Дешамп е само третиот човек кој бил светски првак и како играч и како селектор, покрај Франц Бекенбауер и Марио Загало. Под негово водство, Франција ја освои и Лигата на нации во 2021.

Пред да стане селектор на Франција, Дешамп беше тренер на Монако, Јувентус и Марсеј, а во играчката кариера освои 14 трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите со Марсеј и Јувентус. За селекцијата на Франција одигра 103 натпревари и беше дел од тимот кој славеше на СП 1998 и на ЕП 2000.

(Фото: Шатерсток)