ДЕЦАТА СИ ИГРАА И УЧЕА НА ИНКЛУЗИВНИОТ НАСТАН „ГУШ И БАЦ Е ЉУБОВ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Со разновидни игри како ракомет, „Не лути се човече“, плочка и други, едкукативни катчиња,  ликовно катче, креативни работилници, денеска (11 мај) неколку часа во скопскиот Градски парк на местото „Школка“ се одржа инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“ кој го организира здружението „Аутизам ААМК“.

(Фото: K. Попов)

 

Целта на настанот, кој се одржа по шести пат,  е зголемување на свесноста за различностите, нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството

 

(Фото: K. Попов)

Претседател на здружението е активистот Денис Јанкуловски, медицинар од Центарот за јавно здравје, кој за време на пандемијата стана популарен на социјалните мрежи и во јавноста како Денис Космонаутко.

(Фото: K. Попов)

„Сѐ поголемата посетеност ни покажува дека сме на вистинската патека за која и всушност го организираме овој настан. Секоја година имааме  огромен број заинтересирани кои сакаат да бидат дел од ‘Гуш и бац е љубов’. За жал, заради временското ограничување не можеме сите да ги вклучиме, но можеби еден ден ќе направиме целодневна дружба и тогаш ќе биде полесно. Но, важното е дека има интерес како од учесници така и од компании кои даваат своја огромна поддршка на настанот и со тоа сите ја покажуваат својата општествена одговорност и желбата за заедно како едно“, вели Јанкуловски.

(Фото: К. Попов)

 

 

(Фото: K. Попов)
(Фото: K. Попов)
(Фото: K. Попов)

 

(Фото: K. Попов)

 

(Фото: K. Попов)