ЏОРЏ КЛУНИ И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ДОБИЈА ФРАНЦУСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Париз, (АФП)

Џорџ Клуни доби француско државјанство, заедно со сопругата Амал и нивните две деца, според официјален декрет објавен во францускиот владин весник. Клуни во почетокот на декември ги пофали француските закони за приватност кои го штитат неговото семејство од папараци.

„Ги сакам француската култура и вашиот јазик, иако сè уште лошо го зборам и по 400 дена курсеви. Но, овдека не ги фотографираат вашите деца, нема папараци скриени зад школските порти. Тоа ни е најважно“, изјави актерот тогаш.

Клуни, кој се венчаше со британско-либанската адвокатка во 2014, поседува имот покрај езерото Комо во Италија од 2002. Тие купија и имоти во Англија и јужна Франција.

„Иако како семејство често патуваме, во нашиот дом во Франција сме најсреќни“, призна Клуни.

(Фото: АП)