Вечерва (27 февруари) од 18 часот, во Европската куќа во Велес ќе се одржи драмско читање на делото „Ангели во Америка“ од Тони Кушнер. Гостите ќе може да разговарат со Филип Петковски, режисер на истоимената претстава во Македонскиот народен театар.
На настанот ќе читаат Наталија Теодосиева и Стефан Спасов, кои се актери во претставата „Ангели во Америка“. Тие ги толкуваат ликовите на Харпер Пит и Џо Пит, сопружници кои се обидуваат да го пронајдат својот пат низ светот, соочувајќи се со интимни недоразбирања и длабоки лични потраги по сопствениот идентитет.
Настанот именуван „Родот и градот“ е помогнат од амбасадите на Велика Британија и Швајцарија во Скопје.
П. ПЕЧКОВ