ФЕСТИВАЛОТ НА КОМЕДИЈА „ГОЛА МЕСЕЧИНА“ ОД 10 ДО 13 СЕПТЕМВРИ ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 10 до 13 септември во паркот Авионче во скопската Општина Аеродром по 12. пат ќе се одржи меѓународниот фестивал на комедија „Гола месечина“.

Денеска од 20 часот ќе се изведе претставата „Брачно советување“ од Даниел Глатауер, во режија на Жељко Стјепановиќ. Претставата е на Градско позориште „Јазавац“ од Бања Лука, а играат Снежана Мишиќ, Жељко Еркиќ и Жељко Стјепановиќ.

На 11 септември ќе се одигра претставата „За нас почнува живот“ од Ѓерѓ Шпиро, во режија на Дејан Пројковски. Во претставата, која е дел од здружението МАНА од Скопје, играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.

На 12 септември на репертоарот е претставата „Вонбрачна комедија“, во режија на Иван Томашевиќ. Во претставата на „Сцена маска“ од Шабац играат Анета Томашевиќ, Наѓа Ристиќ, Душан Симиќ и Иван Томашевиќ.

На 13 септември е претставата „Ива и Глорија“ од Глорија Дубељ и Ива Шимиќ-Шакороња, во режија на Јан Керекеш. Во претставата на театарот „Керекеш“ од Вараждин играат Глорија Дубељ и Ива Шимиќ-Шакороња.

Истата вечер од 21:20 часот, како дел од придружната програма, стендап настап ќе има Бојан Велевски.

Селектор на претставите е Роберт Ристов, а на последната фестивалска вечер ќе бидат доделени наградите, за кои ќе одлучува жири во состав Кристина Ласовска, Оливер Јосифовски и Мирјана Поповска-Ристов. Претставите почнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.