Најдобар филм на 9. издание на фестивалот „Дрим шорт“ во Струга, е „О“ на Рунар Рунарсон, одлучи жирито во состав Никола Ристановски, Јелена Јованова, Гуидо Казале и Бранко Ристовски.
За најдобар филм во студентската програма e прогласен „Невидлива сестра“ на Нели Рајала, а најдобар во регионалната програма е филмот „Треба да зборуваме за Дилан“ на Умут Шилан Огурлу.
Во категоријата најдобар филм од македонската програма специјално признание доби „Зајак“ на Ханис Багашов, а најдобар филм од националната програма е „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски.
За најдобар филм во категоријата „Соочување со минатото“ е прогласен „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша Слијепчевиќ.
Публиката за најдобар филм го изгласа „Остров“ на Бранко Костески.
Фото: К. Затуроска