АКТЕРОТ МЕТЈУ ЛОРЕНС, КОЈ ГО ГЛУМЕШЕ СИНОТ ВО „ГОСПОЃА ДАУТФАЕР“ САКА ДА ГО ОЖИВЕЕ ГЛАСОТ НА РОБИН ВИЛИЈАМС СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА

САД, (Варајети)

Метју Лоренс, кој беше тинејџер кога глумеше покрај Робин Вилијамс во блокбастер комедијата од 1993, „Госпоѓа Даутфаер“, изјави за „Ентертејнмент Викли“ дека е заинтересиран да го воскресне гласот на починатиот Вилијамс користејќи вештачка интелигенција. Вилијамс почина во август 2014 година на 63 години. Лоренс го глумеше Крис, синот на Вилијамс во филмот.

„Би сакал, со почит и со одобрение од неговото семејство да направам нешто навистина посебно со неговиот глас, затоа што тој глас е легендарен“, рече Лоренс. „Не е само фактот дека го познавав и работев со него и затоа е во мојата глава, тој е во главата на секого. И би било многу кул.“

Лоренс рече дека неодамна наишол на стара телевизиска реклама во која се користел гласот на Вилијамс, што ја поттикнало идејата да се најде начин да се врати гласот на познатиот комичар во живот.

Лоренс додаде дека можностите се бесконечни кога станува збор за враќање на гласот на Вилијамс со вештачка интелигенција, вклучително и Вилијамс да ви дава насоки за возење на вашиот телефон.

Со нешто повеќе од 440 милиони долари на светските бокс-офис, „Госпоѓа Даутфаер“ беше еден од најголемите комедии на Вилијамс. Лоренс минатата година изјави дека Вилијамс му дал „подарок“ на снимањето советувајќи го никогаш да не се дрогира. Вилијамс се борел со злоупотреба на супстанции во текот на целата своја кариера. Лоренс го наведе советот на Вилијамс како причина зошто се држел подалеку од дрогата додека растел во Холивуд.