Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ е официјално селектиран на 11. издание на Светскиот филмски фестивал во Монтевидео, кој ќе се одржи од денес (7 јули) до 9 јули во главниот град на Уругвај. По Бразил, Аргентина, Еквадор и Венецуела, ова е петта држава од Јужна Америка каде што филмот ќе биде прикажан.
„Јон Вардар против Галаксијата“ е научно-фантастична комедија која веќе ја освои публиката на бројни светски фестивали, комбинирајќи остар хумор и различни стилови на анимација за да ја раскаже авантурата на еден антихерој низ вселената.
Филмот е со сценарио и режија на Гоце Цветановски, уметнички директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а во главните улоги се: Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.
АНИМИРАНИОТ ФИЛМ „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ НА ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО УРУГВАЈ
Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
