АВСТРАЛИСКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКАТА НА 28 И 29 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 28 и 29 ноември во Кинотеката ќе се одржи фестивал на австралиски филм. Првиот ден од 20 часот ќе биде прикажан „Домаќинство за почетници“ (фото) на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, а на 29 ноември ќе може да се гледа „Дворска пепел“ (Backyard Ashes), комедија за крикетот од 2013.

Во главните улоги во „Домаќинство за почетници“ се Анамариа Маринка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Миа Мустафа, Џада Селим, Сара Климоска, Розафа Целај и Ајше Усеини.

Фестивалот го организира Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива и Македонија и Црна Гора.