Вечерва (16 август) и утре, како дел од содржините на Велешко лето, ќе бидат прикажани на отворено два биографски филма.
Денеска ќе може да се гледа „Марија“ за животот на оперската дива Марија Калас, која ја игра Анџелина Џоли. Утревечер ќе се прикаже хрватскиот филм „Дражен“ за кошаркарската легенда Дражен Петровиќ, кој го толкува Домагој Нижиќ.
Проекциите се од 21 часот на платото пред Спомен-костурницата, а влезот е бесплатен.