ФИЛМ КОЈ ЗАРАБОТИ САМО 27.000 ДОЛАРИ ДОБИ НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР ЗА НАЈДОБРА АКТЕРКА ПО КАМПАЊАТА НА ХОЛИВУДСКИТЕ ЅВЕЗДИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Сè секаде одеднаш“ ќе се бори за 11, „На западот ништо ново“ и „Тажачките од Инишерин“ за девет оскари на 13 март, но номинациите секогаш носат и изненадувања. Оваа година, меѓу блокбастери како „Аватар: Патот на водата“, „Топ ган: Маверик“ и „Блек Пантер 2“ успеа да се вметне филм кој заработил само 27.000 долари во кината.

Англичанката Андреа Рајсборо е номинирана за Оскар за најдобра актерка за малку познатиот филм „To Leslie“, во кој глуми мајка алкохоличарка која мора да преживува откако потроши голема добивка од лотарија. Рајсборо релативно касно влезе во оскаровската трка и тоа благодарение на кампањата на десетици актери и актерки од холивудската А-листа, како Кејт Винслет, Сузан Сарандон, Ејми Адамс, Едвард Нортон, Шарлиз Терон и Џенифер Анистон, кои со воодушевување зборуваа за нејзината изведба. 

Во прилог на филмот не одеше и фактот дека имаше премиера уште во март на фестивалот Саут бај саутвест во Остин, Тексас, кој не е во рангот на Кан, Венеција и Берлин.