ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ НА ПЛАЖА ОД ВЕЧЕРВА ВО ОХРИД

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20:30 часот во Охрид почнува Фестивалот на нов европски филм Бич филм фестивал. Отворањето е на плажата „Славија“, по што ќе следат проекции на филмовите „Амра“ од 20:45 и „Состојба на умот“ од 21 часот.

На плажата „Сараиште“ од 20.30 часот ќе се прикаже „15 години и еден ден“, а од 22 часот „Млад шаман“.

Фестивалот ќе трае до 27 јули на четири локации на отворено: плажите „Славија“ и „Сараиште“, Младински центар во Охрид и бродот „Армада“. На 25 и 26 јули ќе има детски работилници, а по секоја проекција на филмовите забава со диџеи. 

Ова е осмо издание на фестивалот, а деталната програма е достапна на неговата фејсбук страница