ХОРОРОТ СО ЕМИЛИ БЛАНТ „ТИВКО МЕСТО“ ВО СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хорор-трилерот „Тивко место“ со Емили Блант во главната улога, а во режија на нејзиниот сопруг Џон Красински, игра во киното Синеплекс.

„Во ‘Тивко место’, четиричлено семејство мора да води живот во апсолутна тишина, откако неговиот опстанок ќе го загрозат мистериозни суштества, кои го ловат оној кој ќе испушти и најмал звук“, најавува киното.

Во Синеплекс и во Милениум игра анимираната авантура „Шерлок Гномс“, во кој градинарските џуџиња Гномео и Јулија го ангажираат детективот Шерлок Гномс за да го реши исчезнувањето на останатите џуџиња.

Нов филм во Милениум е и унгарската драма „За тело и душа“, кој беше номиниран за оскар за најдобар странски филм.