„К-поп ловци на демони“ стана најгледаниот филм во историјата на „Нетфликс“, објави оваа стриминг платформа. Откако беше објавен во јуни, анимираниот мјузикл бил гледан повеќе од 256 милиони пати, преземајќи го првото место од акционата комедија „Црвена потерница“.
„К-поп ловци на демони“ стана неочекуван глобален хит, при што песните од филмот се меѓу најстримуваните на „Спотифај“. Песната „Golden“ дури се најде на првото место на американската топ-листа во почетокот на овој месец.
Филмот ги следи авантурите на измислен корејски женски поп бенд, при што трите членки ги користат своите песни и боречки вештини за да ги штитат луѓето од демони. Иако имаше скромна премиера во Лос Анџелес во јуни, филмот летово се стекна со голема популарност, поттикнато од вирални видеа и мемиња на социјалните мрежи.
Веќе се најавува дека ќе се снима продолжение.