Хорор филмот „Супстанца“ на француската режисерка Корали Фаржа доби десетминутни овации на синоќешната светска премиера на Канскиот фестивал. Филмот е во конкуренција за Златна палма.
„Супстанца“ е вториот филм на Фаржа, а прв на англиски јазик. Таа е авторка на сценариото, продуцентка и монтажерка. Главните улоги ги играат Деми Мур, Маргарет Квали и Денис Квејд, кој се приклучи на екипата по смртта на Реј Лиота, кој бил прв избор за таа улога.
„Дедлајн“ објави дека публиката ѝ аплаудирала 13 минути на екипата, најмногу на Мур и Квали, која е ќерка на Енди Мекдауел и дека ова е досега најголема реакција на годинашното издание на фестивалот.
(Фото: Гети)