КЕНЕТ БРАНА, ЛУСИ ЛИУ, ЏАСТИН ТЕРО ВЛЕГУВААТ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА“

Лос Анџелес, (Вараети)

Оскаровецот Кенет Брана, Луси Лиу, Џастин Теро, Б.Џ. Новак,  Полине Шаламе (фото) и Симон Ешли се новите актери кои ѝ се приклучуваат на екипата на вториот дел од „Ѓаволот носи Прада“.

Во вториот дел, чие снимање е во тек, глуми истата екипа од првиот дел: Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи. Премиерата е закажана за 1 мај 2026.
Според „Вараети“, приказната во вториот дел ги следи Миранда Присли (ја играше Стрип) и нејзината кариера како главна уредничка на модно списание среде падот на традиционалното издавање списанија. Таа се соочува со ликот на Блант, која сега е моќна директорка на луксузна група.

Базиран на романот на Лорен Висбергер од 2003, филмот „Ѓаволот носи Прада“ беше хит на светските киноблагајни, заработувајќи 326,7 милиони долари. Стрип доби Златен глобус за најдобра актерка во комедија и номинација за Оскар.

(Фото: Вараети)