Лили Колинс, ѕвездата на хит-серијата „Емили во Париз“, ќе ја глуми легендарната холивудска актерка Одри Хепберн во нов филм. Тој ќе се фокусира на снимањето на нејзината романтична комедија од 1961, „Појадок кај Тифани“.
Филмот, кој сè уште нема наслов, ќе се базира на книгата на Сем Васон „Fifth Avenue, 5 AM: Audrey Hepburn, Breakfast at Tiffany’s and the Dawn of the Modern Woman“, со сценарио напишано од Алена Смит, креаторка на серијата „Дикинсон“. Засега не е објавено кој ќе режира.
„По речиси 10 години развој и цел живот восхит и обожување на Одри, конечно можам да го споделам ова. Почестена и пресреќна не е ни приближно доволно да опише како се чувствувам“, објави Колинс на Инстаграм.