Мадрид ќе инвестира 1,5 милиони евра во новиот филм на Вуди Ален под еден услов: мора да се снима во шпанскиот главен град и насловот да го содржи зборот Мадрид.
Според договорот што го објавија општинските власти, фондот од 1,5 милиони евра треба да се исплати во три фази: 150.000 во 2025, 600.000 во 2026 и 750.000 долари во 2027. Филмот сѐ уште има работен наслов „Wasp 2026“, што се смета за акроним за „Летниот проект на Вуди Ален“ (Woody Allen Summer Project).
„Филмот мора целосно да се снима во регионот на Мадрид и да ја одразува заедницата на Мадрид на лесно препознатлив начин. Најмалку 15 проценти од сцените мора да бидат снимени во препознатливи надворешни услови во и околу градот Мадрид“, велат градските власти.
Во договорот, исто така, се наведува дека дел од плаќањата ќе се извршат доколку филмот премиерно се прикаже на Берлинскиот филмски фестивал или на фестивал со слично меѓународно реноме. Рокот за завршување на проектот е 31 декември 2027.
(Фото: ЕПА)