НАЈАВЕН ХОРОР ФИЛМ ЗА МИКИ МАУС НА ДЕНОТ КОГА ИСТЕКОА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ЗА НЕГОВАТА ПРВА ВЕРЗИЈА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Објавен е трејлер за хорор филм со убиец маскиран како Мики Маус, истиот ден кога истекоа авторските права за раната верзија на овој анимиран лик, со што тој стана јавно добро.

Само сакавме малку да се забавуваме со него“, изјави Џејми Бејли, режисерот на филмот „Mickey’s Mouse Trap“.

Паробродот Вили“, краткиот цртан филм од 1928 година во кој се појавуваат првите верзии на Мики и Мини, стана јавно добро во САД за Нова година, со што секој може слободно да ги користи без надомест.

Во хорор комедијата „Mickey’s Mouse Trap“, млада жена организира изненадувачка роденденска забава во игротека, но работите брзо се свртуваат кон полошо кога таа и нејзините пријатели ќе се соочат со убиец со нож во костим на Мики.

Тоа е Мики Маус од ‘Паробродот Вили‘ кој убива луѓе. Тоа е смешно“, изјави Бејли.

Трејлерот не открива кога ќе излезе филмот, но се очекува тоа да биде во март.

Во исто време беше најавена и хорор видеоигра со верзијата на Мики од 1928.