ОБЈАВЕН ПРВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА НОВИОТ ФИЛМ НА СПИЛБЕРГ ЗА ВОНЗЕМЈАНИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Првиот трејлер за новиот филм на Стивен Спилберг за вонземјани дава увид што можат да очекуваат гледачите. Насловен „Disclosure Day“, филмот е заснован врз приказна на Спилберг, а во главни улоги се Емили Блант, Џош О‘Конор, Колин Фирт и Колман Доминго.

„Зошто би создал толку огромен универзум, а да го остави само за нас?“, вели ликот на Елизабет Марвел на крајот на трејлерот.

Според студиото „Јуниверзал“, филмот зборува за необично истражување на инвазија на вонземјани, што првично ја доживеале метеоролог (Емили Блант) и страстен разоткривач на НЛО (Џош О’Конор), кои сакаат да ја споделат вистината со светот.

Ова е првиот филм на Спилберг по „Фабелманови“ од 2022, кој доби седум номинации за Оскар. Исто така, ова е неговото враќање кон темата вонземјани, што ги истражуваше во филмовите „Војна на световите“, „И-Ти вонземјанинот“ и „Блиски средби од третиот вид“.

Филмот ќе има премиера во кината следното лето.

(Фото: Јуниверзал)