ПО 26 ГОДИНИ СЕ ПОДГОТВУВА „ЕЈС ВЕНТУРА 3“

Лос Анџелес, (Колајдер)

По 26 години, се подготвува ново продолжение на „Ејс Вентура“, објави „Морган крик“, продуцентската компанија која стои зад првите два филма.

„Многу сме возбудени околу развојот на нашата франшиза ‘Ејс Вентура‘. За време на пандемијата, фановите пројавија желба за враќање на нивните омилени ликови со нови приказни“, соопшти компанијата.

Од „Морган крик“ велат дека филмот ќе се прави за стриминг платформата „Амазон прајм“, а сценариото го пишуваат авторите на „Соник супер еж“. Засега нема потврда дека Џим Кери ќе се врати во улогата на детективот за домашни миленици.

„Ејс Вентура“ од 1994 и продолжението што излезе следната година беа големи хитови на кино благајните.