Легендарниот холивудски актер Роберт Редфорд, кој најави дека ќе се пензионира по неговиот актуелен филм „Старецот и пиштолот“, ќе добие почесен Цезар од Француската академија за уметност и кинематографија.

„Голем број од неговите филмови, пред или зад камерата, денес се класици. Само неколку кариери имале толкаво влијание на историјата на филмот“, изјави претседателот на Академијата, Ален Терзијан.

Редфорд доби почесен Оскар во 2002, како и Оскар за најдобра режија за „Обични луѓе“ во 1981. Значаен е и неговиот придонес во развојот на независниот филм со основањето на фестивалот Санденс.

Цезар за животно дело, награди што годинава се доделуваат на 22 февруари во Париз, претходно имаат добиено Џорџ Клуни и Мајкл Даглас.