„Снежана“ и „Војна на световите“ добија по шест номинации за Златна малина, награди со кои се одбележува најлошото во Холивуд во изминатата година. За најлош филм конкурираат и „The Electric State”, „Hurry Up Tomorrow” и „Star Trek: Section 31″.
За најлош актер се номинирани Дејв Баутиста, Ајс Кјуб, Скот Иствуд, Џаред Лето и пејачот Викенд, а во женска конкуренција оскаровките Аријана ДеБосе, Натали Портман и Мишел Јео, како и Ребел Вилсон и Мила Јовович.
Силвестер Сталоне, кој е честа мета на златните малини, е меѓу номинираните за најлоша машка споредна улога, покрај сите седум џуџиња од „Снежана“. Овојпат е номинирана и неговата ќерка Скарлет Роуз Сталоне, за најлоша споредна женска улога.
Имињата на добитниците на 46. Златни малини ќе бидат објавени на 14 март.