СРПСКИОТ ФИЛМ „ЈУГО ФЛОРИДА“ НА ВЛАДИМИР ТАГИЌ ПОБЕДИ НА СИНЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српскиот филм „Југо Флорида“ на режисерот Владимир Тагиќ ја доби наградата за најдобар филм во официјалната конкуренција на синоќешното (10 декември) затворање на 24. издание на Фестивалот на европски филм Синдејс во Скопје.

„Нашата одлука не беше лесна и би сакал да ја изразам нашата благодарност до сите неверојатни режисери чии дела имавме чест да ги гледаме. Секој филм носи силен авторски глас и се занимава со локални теми, давајќи им универзална димензија и отворајќи го нашиот регион за поширока публика. Заедно, тие се осврнуваат на безвременски прашања, како што се слободата, полнолетството, борбата за егзистенција и правото на слободно говорење и избор“, изјави Арсен Оремовиќ во име на двете жири комисии кои ги оценуваа филмови во СЕЕ и официјалната конкуренција.

Наградата за најдобро сценарио ја доби „Вена“ на Кјара Флајшхакер, а за најдобра режија „Проблематични девојки“  на Уршка Џукиќ. Специјално признание доби Андрија Кузмановиќ за улогата во „Југо Флорида“. Наградата „Златно сонце“ за најдобар филм во СЕЕ селекцијата е доделена на два филма, „Ера“ на Петра Келменди и „Оче наш“ од Горан Станковиќ. Специјално признание од жирито доби филмот „Месо“ од Димитрис Накос.