Елмер Фад и Јосемит Сем ќе добијат поинаков изглед во новите цртани филмови од серијалот „Looney Tunes“, што ќе бидат во понудата на стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“. Тие ќе ја задржат својата препознатлива облека, но веќе нема да носат оружје.
Во новите цртани филмови ќе има доста насилство и експлозии, но Фад веќе нема да лови зајаци со голема ловечка пушка, а Сем, иако каубоец, нема да пука на сите страни со револвери.
„Нема веќе оружје. Но, ќе има цртано насилство, динамит и разни производи на ‘Акме‘“, изјави извршниот продуцент Питер Браунгарт.
Од „Ворнер медија“, во чија сопственост е „Ејч-Би-О макс“, не дадоа појаснување за одлуката, која не наиде на одобрување кај фановите. Новиот серијал ќе има 80 епизоди од по 11 минути.