ГИ ПРЕМОТУВАМ СЕКС СЦЕНИТЕ ВО НОВИТЕ СЕРИИ И ФИЛМОВИ, ВЕЛИ ШЕРОН СТОУН

САД, (Варајети)

Актерката Шерон Стоун во гостување на „Си-Би-Ес“ зборуваше за својата нова улога во третата сезона на серијата „Еуфорија“, но и остро ја критикуваше современата телевизија поради начинот на прикажување на секс сцените.

Стоун вели дека денешните содржини се премногу експлицитни и не оставаат простор за имагинација кај гледачите. „Толку често сега, кога ќе се појават секс сцени на телевизија, јас ги премотувам. Не сакам да гледам толку очигледна, сурова сексуалност, тоа ја убива мојата имагинација“, рече актерката.

Таа направи споредба со нејзината култна сцена во филмот „Основен инстинкт“, која, според неа, се темелела на мистерија и суптилност.

„Не беше ниту цел кадар. Луѓето се обидуваа да сфатат што гледаат и токму во тоа беше магијата. Таа мистерија и интрига се суштината на сексуалноста“, рече Стоун.

Во своите мемоари, актерката напиша дека не знаела колку експлицитна ќе биде сцената сè додека не го видела филмот, по што реагирала бурно и се соочила со режисерот Пол Верховен.

Во меѓувреме, најавено е и продолжение на „Основен инстинкт“, но Стоун кратко ја искоментира веста со иронија: „Продолжете. Среќно!“

Фото: Варејети