ГРАД ВО КЕНТАКИ 22 ГОДИНИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ИЗБИРА КУЧЕ

Њујорк, (Индипендент)

Мал град во американската сојузна држава Кентаки ја продолжи традицијата и повторно избра куче за градоначалник.

Жителите на Ребит Хаш му го доверија четиригодишниот мандат на францускиот булдог Вилбур Бист, кој собра 13.143 гласови, што го направи најпопуларен животински кандидат во историјата на градот. И излезноста исто така била најголема досега, откако биле уфрлени речиси 23.000 гласачки ливчиња.

Ребит Хаш почна да избира куче за градоначалник во 1998 година. Со секој глас се донира еден долар за градското историско друштво.

На годинашните избори, Вилбур Бист го победи досегашниот градоначалник, питбулот Бринет Полтро, како и уште два противкандидата, бигл и златен ретривер.