Хрватскиот стендап комичар Горан Винчиќ-Винча ќе гостува со свое шоу во Скопје на 8 мај, во Филхармонијата од 20 часот, објави продукцијата „Пасворд“. Шоуто е насловено „Комедијата е сериозна работа“.
„Винчиќ доаѓа со нов материјал во кој зборува за времето во кое живееме, кое е истовремено смешно и загрижувачко, за општество што се распаѓа, а се смее и ја најавува големата регионална и европска турнеја“, велат организаторите.
„Комедијата е сериозна работа“ е неговиот трет самостоен стендап проект.
Влезниците се продаваат онлајн преку мрежата на МкТикетс и на нивните продажни места.