ЈУСЕИН БОЛТ ЌЕ СТАНЕ ТАТКО НА ДЕВОЈЧЕ

Кингстон, (Сан)

Најбрзиот човек на сите времиња Јусеин Болт објави дека го чека првото дете со својата девојка Каси Бенет.

Триесет и тригодишниот Болт кажа дека ќе стане татко на девојче, а полот на бебето беше откриено на забава што по тој повод се одржа во Кингстон.

Болт и Бенет се во врска шест години, но во јавноста првпат се појавија заедно пред Олимписките игри 2016.

По повлекувањето од атлетските патеки во 2017, Болт се обидуваше да почне професионална фудбалска кариера, при што беше на проба во неколку клубови, но потоа се откажа од таа идеја.