КЕВИН КОСТНЕР СЕ РАЗВЕДУВА ПО 18 ГОДИНИ БРАК

Лос Анџелес, (АП)

Оскаровецот Кевин Костнер се разведува од сопругата Кристин Бомгартнер по 18 години брак, потврди неговиот публицист Арнолд Робинсон.

Костнер и Бомгартнер, која е модел и дизајнер на чанти, ја почнале врската во 1998, а се венчаа шест години подоцна на неговиот ранч во Колорадо. Во бракот добија три деца, кои сега имаат 15, 14 и 12 години.

Ова беше втор врак за 68-годишниот Костнер, кој има четири деца и од претходните врски.