ЛЕБРОН ЏЕЈМС ЖАЛИ ШТО МУ ГО ДАЛ ИСТОТО ИМЕ НА СИН МУ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Најдобриот светски кошаркар Леброн Џејмс вели дека жали што му го дал истото име на својот син, бидејќи тоа ќе го стави под голем притисок во кариерата.

Трикратниот НБА-шампион е ѕвезда на новата серија на Ејч-Би-О, насловена „Дуќан“, што ќе почне да се емитува наредниот месец, во којашто тој и неговиот бизнис партнер Маверик Картер ќе нагостат голем број славни личности во берберница во Лос Анџелес.

„Сѐ уште жалам што на мојот 14-годишен син му го дадов името Леброн Џејмс Џуниор. Јас немав татко кога бев помлад, па тогаш си ветив дека не само што мојот син ќе биде Џуниор, туку и ќе направам за него сѐ она што јас го немав. Тој ќе го искуси она што јас не сум го искусил. Не можам само мојот отпечаток да му го дадам. А, кога ќе дојде време, нека тргне по свој пат“, вели Џејмс во првата епизода од шоуто.

Џејмс има три деца, од кои највозрасниот Леброн Џуниор, попознат како Брони, веќе тргна по неговите стапки.