ЛЕБРОН ЏЕЈМС ГО НАПУШТИ ЛЕЈКЕРС, НО НЕ ЈА ЗАВРШУВА КАРИЕРАТА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

НБА суперѕвездата Леброн Џејмс го напушти Лос Анџелес Лејкерс и ќе ја продолжи кариерата во друг тим. Џејмс (41) ги помина последните осум сезони во Лејкерс и му помогна да ја освои титулата во 2020 година.

Тој играше заедно со својот син Брони (21) од 2024 година.

Медиумските извештаи сугерираат дека најдобриот стрелец во лигата на сите времиња е цел на Голден Стејт Вориорс.

„Леброн Џејмс е еден од најголемите спортисти во историјата. Секогаш ќе бидеме благодарни за неговите осум години со Лејкерс, вклучувајќи ги титулата до која нè водеше во 2020 и безбројните рекорди што ги сруши во нашиот дрес. Тој секогаш ќе биде ценет член на семејството Лејкерс“, соопшти клубот.

Пред Лејкерс, Џејмс освои титули и со Мајами Хит и матичниот клуб Кливленд Кавалирс, преку кој влезе во НБА во 2003.

(Фото: АП)