ЛОПЕС СО БИВШИОТ МАЖ И СЕГАШНИОТ ДЕЧКО СОБРАА 35 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПОРТОРИКО

Њујорк, (АП)

Џенифер Лопес, нејзиниот поранешен маж Марк Ентони и актуелниот дечко Алекс Родригес, собраа 35 милиони долари за помош по катастрофалниот ураган во Порторико.

Тие изјавија во вторникот дека двајцата пејачи и пензионираниот бејзбол играч собрале пари преку донации и нивни придонеси.

Околу 9 милиони беа собрани само од шоуто „Еден глас: Во живо сме! Концерт за помош при катастрофа“, кое што го водеа Лопес и Ентони. На шоуто настапија Деми Ловато, Мери Џеј Блајџ, Рики Мартин и Гвен Стефани. Останатите 26 милиони ги собраа Лопес и Родригес.

Родителите на Лопес и Ентони се од Порторико, а семејството на Родригес потекнува од Доминиканска Република. Лопес и Ентони се венчаа во 2004 и се разведоа во 2014, а со Родригес таа е од почетокот на годината.