МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО КУПИ АНДРЕ ОНАНА И ДОБИ НОВ ГОЛМАН ПО 12 ГОДИНИ

Манчестер, (Би-Би-Си)

Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на Андре Онана, кој по 12 години ќе го замени Давид де Хеа на голот. Дваесет и седумгодишниот камерунски голман потпиша петгодишен договор, а Манчестер ќе му плати на Интер 55 милиони евра.

Пред да дојде во Милано во јули 2022, Онана бранеше за Ајакс, каде што соработуваше со сегашниот тренер на Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Де Хеа одлучи да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, откако му истече договорот.

Да се биде член на Манчестер јунајтед е огромна чест. Ова е почеток на ново патување за мене. Манчестер има долга историја на неверојатни голмани и ќе дадам сѐ од себе да создадам мое сопствено наследство во следните години“, изјави Онана.