Европскиот првак во мотоциклизам Петар Мијалков заедно со своите пријатели четврта година по ред ги посети децата со посебни потреби во Штип и им приреди претпразнично изненадување. Тие се дружеа со децата од три институции во Штип: Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“, Дневниот центар за деца со посебни потреби во Ново Село и Дневниот центар за деца со аутизам.
Во центарот на градот се одржа настанот „Дедо Мраз на две тркала во Штип“, на кој беа израдувани повеќе од 500 деца со новогодишни пакетчиња.

„Оваа хумана мисија е традиција што Петар и неговите пријатели ја негуваат четврта година по ред и покажува дека успехот има вистинска вредност само кога се споделува со другите. Мијалков на настанот беше со својот син Драган, испраќајќи порака дека хуманоста, солидарноста и љубовта кон другите се вредности кои се пренесуваат од генерација на генерација“, велат од тимот на мотоциклистот.
Т. ЈОВАНОВСКИ