МУЗИЧКАТА ИКОНА КВИНСИ ЏОНС МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПОЧЕСЕН ОСКАР

Лос Анџелес, (АП)

Музичката икона Квинси Џонс и продуцентите на серијалот филмови за Џејмс Бонд се меѓу следните добитници на почесен Оскар.

Џонс работеше и како автор на филмска музика во својата исклучителна кариера, при што седум пати беше номиниран за Оскар, но никогаш не го освои.

Почесна статуетка ќе добијат и Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, кои се продуценти на филмовите за Џејмс Бонд и кастинг директорката Џулиет Тејлор, која работеше на филмови како „Таксист“, „Ени Хол“ и „Шиндлеровата листа“.

Новозеландскиот филмација Ричард Кертис истовремено ќе ја прими хуманитарната награда „Џин Хершолт“. Кертис беше номиниран за Оскар за најдобро сценарио за „Четири венчавки и погреб“ во 1995, а се прослави и со британските романтични комедии „Нотинг Хил“ и „Всушност љубов“.

(Фото: АП)