„20 ЧАСА УРБАН ЗДИВ“, ФЕСТИВАЛ СО БЕНДОВИ, ДИЏЕИ И САЕМ ЗА ПЛОЧИ ВО КОЧАНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 12 и 13 јули, во Градскиот парк во Кочани ќе се одржи фестивалот „20 часа урбан здив“. Освен настапи на повеќе бендови и диџеи, ќе има и регионален саем на физички носачи на звук.

Првиот ден винил изданија ќе изложат гости од Ниш, Крушевац, Солун, Подгорица, Кочани, Скопје, Куманово, Белград, Софија и Приштина. Од 20 часот до полноќ ќе свират „Суперхикс“ и „Ареа“ (фото).

Саемот ќе продолжи и следниот ден, а во музичкиот дел ќе настапат локалниот бенд „Корка“, „Мрша“ од Скопје и Мартин Џорлев со акустичен сет. Ќе има и работилница за тоа како да се направи интервју со омилениот бенд, дискусија на тема „Како да го изградиме урбаното Кочани“ и други активности. Истиот ден, диџеј сетови ќе имаат Цека од Ниш, Павлос од Солун и Бојан од Крушевац.