„22“, НОВА ПЕСНА НА ТЕА ТРАЈКОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Поп-пејачката Теа Трајковска ја сними новата песна „22“, која за неа има симболичен наслов и вели дека е автобиографска.
„На 22 научив да патам, на 22 знаев јас да сакам“, вели текстот на песната, што го напиша таа.
Лазар Цветкоски е автор на музиката и аранжманот, а режисер на спотот е Никола Наумовски.
При крајот на 2025, Теа Трајковска го објави синглот „Не ми троши време“, за кој го напиша текстот заедно со раперот Tаско. Таа беше блиска пријателка со Владимир Блажев-Панчо и Андреј Ѓорѓиевски од дуото „ДНК“ и често соработуваше со нив.