„АНДЕРФЕСТ“ ПО ШЕСТИ ПАТ НА 1 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичкиот фестивал „Андерфест“ по шести пат ќе се одржи на 1 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Ќе свират претежно алтернативнни и рокенрок бендови и пејачи: Миа Перевска (фото), Стефан Петановски, „Бејсмант калт“, „Мол пек“, „Фикшн“ и „Фулиш грин“. Фестивалот ќе се одржи во денсинг салата на МКЦ.

Продажбата на карти за фестивалот e започната, а се продавата онлајн на bileti.mkc.mk