Лого поврзано со Афекс Твин се појави како 3-Д графит на ѕидот на метро станица во Лондон, што покрена шпекулации дека легендарниот британски музичар подготвува нов албум.

Логото поврзано со Афекс Твин осамна на ѕидот на една метро станица (Фото: Твитер)

Ова потоа беше потврдено од неговата издавачка куќа „Ворп“, која соопшти дека кампањата и официјално е почната.

Ричард Дејвид Џејмс, кој стои зад еден од највлијателните проекти на електронската музичка сцена, пред четири години го издаде последниот, шести албум, кој пак уследи по 13-годишна пауза.

Ова не е првпат Џејмс да користи герила-маркетинг за најава на свој албум, откако пред четири години пушти голем брендиран балон над Лондон.