АЛЕКСАНДРА РАДОВИЌ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 27 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската поп-пејачка Александра Радовиќ ќе одржи концерт во Скопје на 27 февруари, од 20 часот во Филхармонијата, објави продукцијата „Евентум“. Радовиќ важи за еден од најквалитетните женски поп-вокали во регионот, а автор и продуцент на повеќето нејзини песни е Дарко Димитров.

Таа ја започна музичката кариера во 2003 на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови со песната „Како сол во морето“ (Као со у мору), која и денес e еден од нејзините најголеми хитови. Има снимено пет албуми, а има и свое школо за пеење.

Во април 2024, Радовиќ одржа концерт во Филхармонијата, задржувајќи ја веселата атмосфера два часа и го оправда она што го најави на почетокот од концертот дека публиката ќе си замине полна со впечатоци.

Мажите се дојдени на концертов за да одработат некоја казна, наместо да гледаат некоја евролига или суперлига. Би било добро ако мажите бираат храбри жени“, кажа Радовиќ тогаш.

Билетите се продаваат преку мрежата на yournextevent.info.

Фото: К. Попов