Англискиот диџеј и продуцент Џекс Џонс ќе настапи на 7 септември во Градскиот парк во Струмица, на фестивалот „Гет егзит“.
Џек Џонс, кој беше номиниран за Греми, претходно гостуваше во Скопје во март, на фестивалот „Електроник ритрит“.
Роден е на 25 јули 1987, и стана популарен во 2014 со синглот број еден на Дјук Думонт „Те имам“ (I Got U). Потоа ги издаде своите синглови „Не ме познаваш“ (You Don’t Know Me) со Реј во 2016, па дуетот со Деми Ловато и Стефлон Дон во 2017.