АВСТРАЛИСКИ ПРОДУЦЕНТ НАПРАВИ НЕКОЛКУ НОВИ ВЕРЗИИ НА ПЕСНА ОД ЧЕТКАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 27 Јуни преку австралиската музичка куќа „M2MР Рекордингс“ ќе бидат издадени неколку ремикси од авторската композиција на џез- гитаристот Владимир Василевски- Четкар „Не ме терај да те чекам“ (Don’t Make Me Wait).

Ремикс верзиите се на диџејот и продуцент Доктор Пакер кој неодамнa позитивно коментираше за музиката на Владимир Четкар.

„Владимир Четкар од Македонија е оригинален, сѐ што тој го работи е направено комплетно од него, вклучувајќи го снимањето на живи гудачки секции, клавијатури, гитари, текст и вокал додека јас додадов малку продукциска магија“, рече Пакер.

Ова е една од песните од новиот студиски албум на Четкар ‘Let Us Be’ кој прво беше издаден од јапонската музичка куќа ‘P-Vine Records’ .