БЕЛГРАДСКАТА РОК ГРУПА „АРТАН ЛИЛИ“ СО КОНЦЕРТ ВО МКЦ НА 28 ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската рок група „Артан Лили“ ќе одржи соло концерт во Младински културен центар во Скопје на 28 октомври. Бендот кој одбележува десет години постоење важи за еден од најзначајните претставници на таканаречената нова српска сцена и досега има објавено два студиски албума.

„За Скопје нè врзуваат прекрасни спомени од самиот почеток на бендот. Таму ги продуциравме нашите први песни, додека во Куманово го склопивме името на групата. Во Македонија не сме биле неколку години и ова е вистинска прилика да се претставиме во полно светло“, најавија од групата.

Настапот на „Артан Лили“ ќе биде придружуван од визуелниот уметник Изванредни Боб.